📸 „Гладијаторите“ фуриозно и со стил до ГОЛЕМО ФИНАЛЕ - 24 РАКОМЕТ

📸 „Гладијаторите“ фуриозно и со стил до ГОЛЕМО ФИНАЛЕ

Тимот на Охрид е првиот финалист во Купот на Македонија откако попладнево славеше против Еурофарм Пелистер со 26-19 и ќе се бори за трофејот. Охриѓани се во одлична форма и комплетно го надиграа шампионот, па заслужено се пласираа во финалето. На битолчани ништо не им одеше од рака, тоа се виде од стартот на мечот и немаа шанси против расположениот ривал. Ова е втор триумф во серија на Охрид против пелистерци, откако претходно славеа и во Супер лигата во плеј-офот. В недела е големото финале од 20:00 часот, ривал на Охрид ќе биде бранителот на трофејот, Вардар.