📷„Лавиците“ од Ѓорче во лов на двојна круна

Куп жени, Куманово – Ѓорче

Ракометарките на Ѓорче Петров обезбедија пласман во финалето од Купот на Македонија, откако во полуфиналето целосно го надиграа ланскиот освојувач на Купот, тимот на Куманово, триумфирајќи со 31:14. Ѓорче Петров убедливата победа и пласманот во финалето го обезбеди со одличната игра во вторите 30 минути, во кои постигна 20 гола, а прими само девет. Избраничките на Симе Симовски лани на Ф4 турнирот во Охрид во полуфиналето беа елиминирани од Вардар. Во финалето Ѓорче Петров за ривал ќе го има подобриот од дуелот меѓу Вардар и Чаир.