Женската сениорска репрезентација на Македонија со победа го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024, на кое од поодамна го обезбеди пласманот.
Македонската репрезентација на домашен терен ја совлада Литванија со 34:24 и со победа го прослави пласманот на Европското првенство.
Иако Македонија во вторникот го завери пласманот на ЕП, сепак, дуелот со балтичката земја беше императив за победнички да се затвори квалификацискиот циклус.
По убедливиот триумф над Литванија, девојките на Кристијан Грчевски пласмот го славеа и со најблиските во СЦ „Борис Трајковски“.