📷 Никогаш не ги отпишувајте Македонците – најдобри се кога е најтешко!

МАКЕДОНИЈА 34-26 ФАРСКИ ОСТРОВИ

Mашката репрезентација на Македонија славеше со 34-26 на реваншот од бараж двомечот против Фарски Острови и се пласиршае на Светското првенство 2025 година. Избраниците на Кире Лазаров направија херојски подвиг и ја анулираа негативата од првиот натпревар од Торшавн, која беше седум гола и деветти пат ќе играат на светските собири. Пешевски кој имаше осум од осум, како и Кузмановски со седум, односно Митев со шест гола, беа лидерите кон триумфот над островската селекција со поддршка од капитенот Митревски. Секако и сите останати што добија шанса ја оправдаа довербата на стручниот штаб и имаат улога во пласман на Мундијалот.