Ракометарите на Вардар ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата.
Без петте репрезентативци на своите држави кои ќе настапат на СП 2025, вардарци го одржаа првиот тренинг во новата година.
Тренерот Гиљермо Милано ги нема на располагање Јагуриновски, Лазаревски, Коиј, Маргели и Родригез, кои ќе бидат дел од Мундијалот.
Нема конкретни информации околу планот на подготовки и пријателските натпревари, но од клубот потенцираа дека базата ќе биде во Скопје.