📷 КАЈ ШТО ТОНЕШ, ТИ ИЗВИРАШ…

КАЈ ШТО ТОНЕШ, ТИ ИЗВИРАШ…

Машката репрезентација на Македонија по деветти пат ќе игра на Светските првенства, откако во реваншот од баражот славеше против Фарски Острови so 34-26 и уште еднаш докажа дека во ниту еден момент не треба да се отпишува. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се „издигнаа од пепелта“ и по негативата од седум гола од Торшавн обезбедија место на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка. Емоции кои најдобро ги опишуваат стиховите на Георги Барбаровски во легендарната песна „Заветна“ изведена од Пепи Бафтировски...