четврток, септември 26, 2024

📷 Елче „дојде, виде и победи“ – Ѓорче Петров имаше што да научи

Ѓорче Петров – Елче галерија

Македонските „лавици“ налетаа на „истренирани антилопи“ кои искусно им ја скија топката, и од Скопје заминаа со уште еден триумф, сега со 37-18. Шпански Елче ќе игра во полуфиналето на Европскиот Куп, и најави негово освојување, а ѓорчепетровки за три сезони повторно напредуваат во Европа, искачувајќи уште едно скалило нагоре. Имаа што да научат ракометарките на Ѓорче Петров од овој двомеч: за борбеноста, истрајноста, физчката подготвеност, тимскиот дух и победничкиот менталитет. Нема откажување до крај, и полнење на ривалската мрежа се додека се може. Секој меч е ново искуство, а од ова Македонките треба да излезат ем побогати за два силни натпревари, ем поискусни и секао помотивирани за докажување.