📷 Доминација до крај – Ѓорчепетровки со двојна круна за совршена сезона

Финале жени Куп: Ѓорче – Чаир

Екипата на Ѓорче Петров го освои трофејот на 31. издание во Купот на Македонија кај дамите и конечно успеа да дојде до двојна круна. Ова беше 17 титула за тимот на Ѓорче Петров во ова натпреварување. Ѓорчепетровки во финалето на Ф4 турнирот од Купот против Чаир со одличната игра во вториот дел дојдоа до убедлива победа од 36:24. Најефикасна во победничката екипа беше Анастасија Николовска со седум погодоци, шест постигна Емилијана Ризоска, пет додаде Ана Марија Коларовска. Кај Чаир прв стрелец беше Бојана Диневска со седум погодоци, а ја следеше Леонора Рахмани со пет реализации.