понеделник, септември 26, 2022

Циндриќ за 24Ракомет ТВ: Секоја титула е драга, ама првата со Вардар не се заборава

Ракометарите на Барселона ја одбранија титулата во Лигата на шампионите откако во финалето славеа против Келце со 37:35 после изведување на пенали. Поранешниот играч на Вардар, Лука Циндриќ кој со црвено-црните го освои својот прв трофеј во Лигата на шампионите, а има вкупно три во изјава за 24Ракомет истакна дека и покрај тоа што сите му се драги, првата сепак е посебна. Во видеото во продолжение погледенте ја целата изјава на Циндриќ после освоениот трет трофеј во Келн.