четврток, октомври 21, 2021

СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Титулата за Кометал Ѓорче Петров, симпатиите за Кале Кичево (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме вториот натпревар од финалето на плеј-офот (кој тогаш се играше на два добиени меча) одигран на 7 мај 2006 година меѓу Кометал Ѓорче Петров и Кале Кичево. Како никој дотогаш кичевки ги намачија ѕвездите од шампионот, па титулата остана за Кометал, а симпатиите ги собраа борбените гостинки. КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ - КАЛЕ-КИЧЕВО 26:20 (13:12) СКОПЈЕ. - СРЦ "Кале". Гледачи: 300. Судии: Зипески и Ѓорѓески (Гостивар). КОМЕТАЛ ЃП: Луковиќ, Радончиќ, Е. Аморим, А. Аморим, Црвенковска, Платон 1, Бајрамовска 1, Тодоровска 3, Озел 6, Радуловиќ 8, Портјанко 3, Локи 3, Рајхел 1. Седмерци: 3-2. Исклучувања: 8 мин. КАЛЕ-КИЧЕВО: Андреева, Наумовска, Лашкоска 6, Секуловска 3, Арсовска, Трајковска, Здравевска 3, Грујоска 1, Китаноска, Антониеска, Николовска 1, Карбеска 6, Грозданоска. Седмерци: 2-2. Исклучувања: 10 мин.