понеделник, декември 6, 2021

СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Кога Талант Душебаев, Чепкин, Гихоса, Ортега…играа против Македонија (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од Европското првенство во Италија во 1998 година меѓу Македонија и Шпанија кој го доби „фуријата“ со убедливи 26-19. Тогаш за Шпанија играа Талант Душебаев, Антонио Ортега, Андреј Чепкин, Давид Баруфет, Деметрио Лозано, Рафаел Гуихоса...Селектор на нашата репрезентација беше Ванчо Јовановски, а во Мерано играа следните ракометари: Пепи Манасков, Стевче Алушовски, Игор Котевски, Александар Зарков, Иван Марковски, Александар Јовиќ, Томче Петрески, Слободан Николиќ, Душан Новокмет, Урош Мандиќ, Горан Андоноски, Кире Поповски, Драган Богдановиќ, Шандор Ходик, Стефче Стефановски и Данило Брестовац.