понеделник, декември 6, 2021

СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: За првпат проработе вулканот во „Борис Трајковски“, Исланд мина како „бос по трње“ (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот меѓу Македонија и Исланд од баражот за Светското првенство во Хрватска, одигран на 8 јуни 2008 година. Со овој дуел беше отворена новата сала „Борис Трајковски“, а нашите момци славеа со 34-26. Таа предност ќе се покаже како доволна пред реваншот во Рејкјавик и Македонија по десет години пауза се врати на големите натпреварувања.