Радовиќ за 24Ракомет ТВ: Уживање е да се игра пред „Чкембари“, со нив забораваме на сите проблеми (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер го победи Кадетен Шафхаузен со 27-26 и ја продолжува трката по првото место во групата пред осминафиналето. Повратникот на терен, Мирко Радовиќ, беше меѓу најдобрите играчи на битолскиот тим и постигна четири погодоци. Тој истакна дека пред „Чкембари“ се заборава на сите проблеми и дека пред нив е уживање да се игра со поддршка од прва до последна минута. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот....