Првпат Еврокуп кај жените: Македонија против Црна Гора, Словенија и европскиот шампион!

По успешното издание на првиот Еврокуп во машка конкуренција, кој го освои селекцијата на Шпанија, ЕХФ ќе го воведе истото натпреварување и во женска конкуренција.

Еврокупот кај жените би требало да започне во октомври 2021 година, а силите ќе ги одмерат, секој со секого дома и на гости, четири европски репрезентации. Дуелите ќе се играат паралелно со квалификациите за ЕП.

Од ова натпреварување ќе бидат дел трите организатори на ЕП 2022 година – Македонија, Словенија и Црна Гора, а нив ќе им се приклучи и европскиот првак, односно репрезентацијата што ќе освои злато на ЕП 2020 во Данска и Норвешка.

Вториот Европкуп кај мажите ќе го играат Унгарија, Словачка (домаќини на ЕП 2022, како и финалистите од последното Хрватска и Шпанија.