ПОТЕГ ЗА ПОЧИТ: Мечот прекинат на стартот – „младите“ со аплауз ги испратија „старите во пензија“ (ВИДЕО)

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ се игра ревијален натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци, кој беше прекинат на стартот по пет секунди игра, кога сегашните тргнаа во напад. Тие со голем аплауз помогнати од публиката ги испратија официјално во пензија поранешните репрезентативци кои немаа можност тоа да го сторат пред преполна сала.