понеделник, јануари 17, 2022

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Вардар стигна до петта титула во СЕХА! (ВИДЕО)

Пред 366 дена во салата „Викторија“ во белорускиот град Брест, ракометарите на Вардар ја освоија третата по ред, а вкупно петта титула во регионалната СЕХА лига. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо го совладаа Загреб со 26-23, откако водеа убедливо во текот на целиот натпревар. Во идеалниот тим на завршниот турнир се најдоа голманот Милосављев, левото крило Тимур Дибиров, десниот бек Даинис Кристопанс и пикерот Стојанче Стоилов. Уживајте во најдобрите моменти од натпреварот...