понеделник, јануари 18, 2021

Металург одново убедлив на домашна сцена (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Mеталург – Прилеп

Металург забележа нова победа во Групата Б од Супер машката лига, а на свој терен во Автокоманда славеше со 38:24 против Прилеп. Домашните беа убедливи во текот на целата средба така што резултатот самиот е доказ за направеното. Најефикасен во составот на Металург беше Мартин Серафимов со шест гола, а Милан Лазаревски и Златко Хорват постигнаа по пет погодоци. Во госинската екипа Гавашелишвили со шест гола беше прв стрелец, додека по четири постигнаа Чантурија, Шокоски и Бикоски.

Металург забележа нова победа во Групата Б од Супер машката лига отако денеска на домашен терен одигра подобро од составот на Прилеп. Без никакви проблеми беше обезбеден овој триумф на кој немаше ништо непредвидено бидејќи задачата беше одработена според планот. Резултатот од 38:24 e доволен доказ за распоредот на силите не теренот. Победата беше само потврда за тоа кој тим е лидер во Групата Б и продолжение во победничкиот ритам на домашна сцена каде што засега металурзите се во најдобра позиција. Средбата имаше интересни моменти кои беа забележани низ фотографии од нашиот фоторепортер.