понеделник, јануари 27, 2020

Како Ристовски ја запре Австрија пред шест години? (ВИДЕО)

Македонија и Австрија последен пат на Европско првенство играа во 2014 година на континеталниот собир во Данска. На тој меч, нашите ракометари славеа тесна победа со 22-21, а реми во последната секунда спречи Борко Ристовски. Македонскиот голман на овој натпревар имаше 18 одбрани и беше човек на одлука, а интересно ќе биде да видиме дали и денеска ќе го почне натпреварот против овој ривал. Натпреварот започнува од 18:15 часот во „Штадхале Арена“.