Имаме добра иднина: Кадетите и младинците покажаа како се игра како по ноти (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Машката младинска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на ЕХФ шампионатот во Варна, откако славеше над Косово со убедливи 22 гола разлика, 51-29. Победникот беше решен уште по првиот дел кога Македонија направи огромна залиха од 11 погодоци, а второто полувреме беше само формалност. Сите ракометари освен голманите, се запишаа во листата на стрелците. Најдобар стрелец во македонскиот состав беше Белистојаноски со десет гола, осум даде Димитар Узунчев, а пет пати во листата на стрелци се запиша Марио Стојановски. По четири пати стрелаа Михајловиќ, Петковски и Илиески. Голманот Брестовац имаше 16 одбрани и неверојатни 54% успешност на одбранети удари, додека Галевски запре четири удари на Косово. Сега следуваат два дена одмор за нашите момци, па во среда од 14:00 часот ќе се соочиме со Романија.