понеделник, јануари 27, 2020

За Македонија се навива и на брод кој плови на Пацификот! (ВИДЕО)

 

Поддршката за македонските репрезентативци за победа над Австрија која не носи во втор е повеќе од потребна. Таа доаѓа од навивачите во Виена, од оние во Македонија, а интересно е дека поддршка има од Пацификот. На социјалните мрежи утрово се појави интересно и уникатно видео направено на брод кој плови во Пацификот. Екипажот каде што има член Македонец,, има кратка, но јасна порака. „Една е Македонија“, извикаа на македонски јазик, а потоа на англиски кажаа „Ние сме Македонија“.