Денеска на терените: Некои шампионати имаат уште за играње

|
09:00
Share on Facebook

Натпреварите во шампионатот на Македонија во сениорска конкуренција веќе финишираа, но има земји каде што уште се игра со оглед на тоа што се одложија голем дел на средби поради Ковид 19.

Ситуацијата е таква што имаат можност до крајот на овој месец да ги финишираат средбите и да може да имаат краток одмор.

Денеска средби има во Хрватска, Германија, Исланд, Израел и на Шампионатот на Африка во женска конкуренција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

13:00ч

МАДАГАСКАР – ТУНИС (Шампионат на Африка, жени)

15:00ч

ГОРИЦА – УМАГ (Хрватска, Премиер лига, плеј-аут)

ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ – КОНГО (Шампионат на Африка, жени)

ХАПОЕЛ ЛЕ ЗИОН – МАКАБИ ЛЕ ЗИОН (Израел 1, плеј-оф)

17:00ч

ГВИНЕЈА – СЕНЕГАЛ (Шампионат на Африка, жени)

19:00ч

НЕКСЕ – ВАРАЖДИН (Хрватска, Премиер лига, плеј-оф)

19:30ч

ДОРМАГЕН – РИМПАР (Германија, Бундес лига 2)

Н-ЛИБЕК – ДЕСАУЕР (Германија, Бундес лига 2)

20:00ч

ХАУКАР – СТЈАРНАН (Исланд 1, плеј-оф)

КОНСТАНЦ – ВИЛЕЛМЗАФЕНЕР (Германија, Бундес лига 2)

22:00ч

ВАЛУР – ИБВ ВЕСТМАНАЕЈАР (Исланд 1, плеј-оф)

Share on Facebook

Илинден броеше до 48 – трет прволигашки триумф

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
16:57
Share on Facebook

Ракометарите на Илинден ја запишаа третата прволигашка победа, откако на домашен терен беа подобри од Сокол Саса со 48-24.

Избраниците на Дарко Јанев на полувремето ја обезбедија победата кога беше 21-9, а во вториот постигнаа уште повеќе погодоци.

Никола Павловски постигна девет гола за победничкиот состав, а дури седуммина ракометари дадоа по пет погодоци за Илинден.

Во составот на Сокол Саса, Павле Стоиловски, беше најдобар стрелец и 11 пати ја затресе мрежата на Илинден.

На табелата, Илинден е на деветтата позиција со шест бодови, додека Сокол Саса е на последното место без ниту еден бод.

Share on Facebook

Спартак победнички низ Прилеп

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
16:28
Share on Facebook

Ракометарките на Спартак и натаму ја продолжуваат серијата без пораз во Супер женската лига и по ремито со Чаир, славеа триумф на гости кај Деспина со 36-23.

Домаќинките пружија солиден отпор во првото полувреме, кое заврши во корист на Спартак со 16-13.

На стартот на вториот дел, избраничките на Симе Симовски постигнаа шест гола по ред за 22-13, десетина минути не примија гол и тука беше решен победникот на овој меч.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа триото Николовска, Цветановска и Јершек со по пет гола, додека кај Деспина се истакна Ристеска со седум реализации.

На табелата Ѓорче Петров и Спартак имаат по десет бода, но „лавиците“ имаат меч помалку, додека Чаир е трет со седум бода и натпревар помалку.

Сега следува репрезентативна пауза и ЕХФ недела, а во следното коло Деспина ќе гостува кај Чаир, а Спартак ќе го предизвика шампионот Ѓорче Петров.

Share on Facebook

Кукуловски во одлична форма – Металопластика при врвот во Србија

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
14:44
Share on Facebook

Тимот на Металопластика, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, бележи одлични резултати во српскиот шампионат.

Металопластика славеше на гостувањето кај Дубочица Лесковац со 31-26 во натпревар од 6 коло во првенството на северниот сосед.

Заедно со Павловиќ и голманот Чировиќ, Кукуловски беше меѓу најдобрите поединци на теренот и успеа да постигне пет гола во противничката мрежа.

Металопластика е прва на табелата со 11 бодови по шест меча, додека Партизан е втор со десет бода, но и натпревар помалку.

Share on Facebook

По 15 години во европскиот врв, Кент Робин Тонесен се враќа дома!

Авор: Редакција
| 17 октомври 2026
10:45
Share on Facebook

По 15 години минати низ некои од најголемите европски клубови, Кент Робин Тонесен се враќа дома. Норвешкиот репрезентативец од летото 2027 година повторно ќе го носи дресот на Фјелхамер, клубот во кој започна неговата ракометна приказна.

Трансферот сега е и официјално потврден. Тонесен потпиша двегодишен договор како играч, а истовремено ќе добие и постојано работно место во клубот како координатор за маркетинг и спорт.

„Сите што ме познаваат знаат колку многу ми значи Фјелхамер. Да се вратам и да му дадам нешто назад на клубот многу ми значи“, изјави Тонесен за ТВ2.

За 35-годишниот леворак бек ова ќе биде затворање на еден огромен европски круг. Од Норвешка замина во 2012 година, а потоа настапуваше за Савехоф, Вецлар, Фуксе Берлин, Веспрем, ПИК Сегед, ПСЖ и Флензбург. Со Веспрем и Сегед освојуваше титули во Унгарија, а со ПСЖ стана шампион на Франција во 2024 и 2025 година.

Иако заминува од врвниот европски ракомет, Тонесен потенцира дека враќањето во Фјелхамер не го гледа како мирно пензионирање.

„Не се враќам за да успорам. Сакам да придонесам на теренот и да бидам важен играч за тимот“, порача Норвежанецот.

Во Фјелхамер очекуваат неговото влијание да биде многу поголемо од она што ќе го покаже на натпреварите. Клубот сака да го користи огромното искуство што го стекна во најсилните европски првенства и во Лигата на шампионите, особено во работата со младите ракометари. Тренерот Кристијан Близнак, кој во минатото беше и соиграч на Тонесен во Вецлар, смета дека неговото присуство ќе биде исклучително значајно за развојот на клубот.

Враќањето дома доаѓа и по еден многу тежок период за искусниот бек. За време на летниот одмор во Хрватска, Тонесен доби херпес зостер во пределот на лицето и окото. Состојбата беше толку сериозна што во еден момент постоеше и страв за неговиот вид, а самиот подоцна откри дека првите три недели биле исклучително тешки.

Во меѓувреме се врати на тренинзите и повторно почна да игра, а за ТВ2 порача дека сега состојбата е добра. Сето тоа дополнително влијаело на одлуката да се врати во Норвешка со семејството.

Тонесен зад себе има и богата репрезентативна кариера. За Норвешка одигра 148 натпревари и постигна 360 голови, а со националниот тим освои сребрен медал на Светското првенство во 2017 година. Последниот голем турнир на кој настапи беше Светското првенство во 2025 година.

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.

Share on Facebook

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Стоилов избра – Бутел со сите сили, Горица без најдобриот играч!

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
11:39
Share on Facebook

Ракометарите на Бутел Скопје денеска го играат првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп против хрватската Горица.

Стратегот Стојанче Стоилов ги избра 16 ракометари што ќе настапат против хрватската екипа, а надвор од комбинација останаа голманот Трсунов, крилата Аврамовски и Симоновски, бековите Аксентиев, Ѓорѓески и Симовски, но и повредениот Спасовски…

Тренерот на Горица, Матеј Мишковиќ, ќе смета на тројцата голмани – Сориќ, Матошевиќ и Турчиќ, а ќе изостанат левите Бакула, Барешиќ, Баришиќ и Ковачевиќ, но и најдобриот ракометар клубот – левото крило Давор Чавар, кој долги години го носеше дресот на Загреб.

Натпреварот меѓу Горица и Бутел Скопје се игра од 18:00 часот во градската сала во Велика Горица.

Share on Facebook