четврток, септември 16, 2021

Двајца „фармацевти“ и еден вардарец во идеалниот тим на СЕХА за септември (ВИДЕО)

Медиа тимот на СЕХА лигата го избра идеалниот тим за месец септември. Во него се најдоа и тројца ракометари од македонските претставници во регионалното натпреварување. Хрватот Ловро Јотиќ и македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, како и најдобриот стрелец на Вардар, Тимур Дибиров. Во септември Еурофарм Работник победи на двата меча против српска Металопластика и рускиот Спартак, додека Вардар ги победи Нексе и Пекиг, а загуби од Мотор. Идеален тим на СЕХА за септември: голман - Никола Митревски (Еурофарм Работник) лево крило - Тимур Дибиров (Вардар) лев бек - Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник) среден бек- Расмус Лауге Шмит (Веспрем) десен бек - Јовица Николиќ (Војводина) десно крило - Дарко Ѓукиќ (Мешков Брест) пивот - Максим Бабичев (Мотор Запорожје) тренер - Давид Дејвис (Веспрем)