понеделник, јануари 27, 2020

Голем превид: Унгарија со осум играчи во последните секунди на мечот против Русија! (ВИДЕО)

Hungary one man to much (7) on the court in the last seconds of the match against Russia. #handball #ehfeuro2020

Публикувахте от Rasmus Boysen #6 в Събота, 11 януари 2020 г.

Репрезентацијата на Унгарија забележа победа над Русија со 26-25 во првото коло од групата Ф на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Иако Унгарците во два наврати водеа со четири голови, сепак не го решија мечот, туку напротив Русија се врати во игра и имаше напад за реми. Сепак Дибиров го промаши последниот удар, а до крајот останаа уште неколку секунди. Унгарија во тој момент имаше осум играчи во поле заедно со голманот Миклер, што секако е голем превид на официјалните лица. ЕХФ сигурно нема да преземе конкретни мерки, иако се работи за очигледна грешка, но судиите и делегатот би требало да бидат казнети.