Германците живеат за ракомет: На меч од регионалната лига салата беше претесна за фановите (ВИДЕО)

+++ Einlauf unserer MudrowJungs +++

+++ Einlauf unserer #MudrowJungs +++ Unser gestriges Spiel gegen den MTV Vorsfelde Handball hatte einige Highlights. Das Erste haben wir schon einmal für euch ;) Der Einlauf war für unsere Jungs und sicher auch für euch auf den Tribünen bombastisch :) Am Ende stand ein 28:24 auf der Anzeigetafel. Der zwölfte Sieg im zwölften Spiel :)

Публикувахте от MTV Braunschweig Handball в Събота, 21 декември 2019 г.

Дека Германија е земја на ракометот и Германците се вистински ракометни вљубеници добивме уште една потврда. На натпревар од регионалните лиги, помеѓу Брауншвајг и Ворсфелде имаше неверојатна посетеност, дуелот се одигра пред 5.021 гледач. Претходниот рекорд на посетеност на еден натпревар во пониските конкуренции беше  3.400 гледачи, а беше поставен пред околу еден месец. Најава дека овој рекорд ќе биде надминат беше дополнителното пуштање на влезници за „Волфсваген хале“ па така на натпреварот имаше вкупно рекордни 5.021 навивач. Победник на дуелот беше домаќинот кој славеше 28:24 и со оваа победа останува на лидерската позиција со максимален ефект од 12 победи. Атмосферата во салата беше извонредна и без сомнение многу подобра дури од некои натпревари во Лигата на шампионите. Претставувањето на ракометарите и атмосферата погледнете ги во следното видео.