понеделник, август 15, 2022

ВО МЕЃУВРЕМЕ: Кога вардаровата икона Столе Стоилов тресеше мрежи за Металург (ВИДЕО)

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, кариерата ја почна во тимот на Металург. На почетокот играше како централен бек, а во еден од првите натпревари како пивотмен, Стоилов прикажа одлична партија. Тоа беше на реванш дуелот од ЕХФ Купот во сезоната 2008/2009 меѓу Металург и Амичитија Цирих, кога Стоилов постигна три гола. Тогаш за Металург играа Стојановиќ, Ристовски, Миркуловски, Малцев, додека за гостите Васикевичиус, Енди Шмид, Един Башиќ...Стоилов во Автокоманда мина пет сезони, по што замина во романскиот Одорхеи. Во 2011 потпиша за Вардар и оттогаш е незаменлив дел од составот на Вардар.