четврток, септември 16, 2021

Вардарки во шема за куп трофејот – им закажаа нова пресметка на кумановки (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Чаир (Куп на Македонија, жени)

Ракометарките на Вардар дојдоа до победа од 31:27 во второто полуфинале од Купот на Македонија и утре во финалето ќе играат против тимот на Куманово со кој играа во финалето и пред две години.

И женскиот тим на Вардар си обезбеди место во финалето од Купот на Македонија откако денеска го совлада Чаир во второто полуфинале со 31:27. Вардарки беа подобриот противник во поголемиот дел од средбата и успеаја да се изборат за резултат со кој се пласираа во мечот за трофејот против Куманово. Ваквиот епилог беше очекуван со оглед на тоа што Чаир е ослабен, но и покрај тоа имаше интересна средба во која нијанси пресудија кој ќе дојде до место во финалето.