четврток, септември 16, 2021

Благојче Трајкоски во одбрано друштво, има Топ 10 одбрана во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Голманот на Еурофарм Пелистер, Благојче Трајкоски имаше добра сезона во Лигата на Европа, а една од неговите одбрани заврши во Топ 10 интервенции во натпреварувањето. Тој се најде во одбраното друштво така што заслужено има место меѓу најдобрите одбрани за минатата сезона. Инаку, Трајкоски во новиот шампионат ќе брани за втората екипа на Еурофарм Пелистер.