четврток, октомври 21, 2021

Битола ужива и громогласно се радува со младите пелистерци (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 

Еурофарм Пелистер 2 – Пролет (галерија)

Битола е гладна за ракомет, а вториот тим на Еурофарм Пелистер им донесе многу радост по триумфот над фаворитот Пролет. Без резултатски притисок и само со една идеја, да играат и да се натпреваруваат, битолчани се наметнуваат како фактор кој ќе одигра важна улога сезонава во македонската Супер лига. Веќе имаат три победи од четири средби, и веќе отсега ќе ги гледаат сите како фаворити а не како аутсајдери.