вторник, септември 22, 2020

Атракции, асистенции, блокади, голови: Вечер за паметење и камбек на Стојанче Стоилов (ВИДЕО)

Вардар ја забележа четвртата победа во Лигата на шампионите, откако го совлада белорускиот првак Брест Мешков со 36-31. Одличен настап имаше предводникот на Вардар оваа сезона Денис Криштопанс, кој постигна 9 погодоци, но оваа вечер помина во знакот на пивотот на македонската ракометна репрезентација Стојанче Стоилов.

Капитенот Стојанче Стоилов се покажа како еден од клучните фигури на мечот и се виде колку недостасувало присуството на кружниот напаѓач во редовите на европскиот првак. Иако во изминатите три дуели од Лигата на шампионите Стоилов беше во составот на „црвено-црните“, стручниот штаб на Вардар не го внесуваше во игра. Денес Столе потврди дека повреда е минато и му овозможи на македонскиот првак повторно да ја израдува публиката во Јане Сандански.

Стоилов резултатски го отвори овој натпревар со атрактивен погодок, беше еден од најзаслужните што Скубе се шеташе низ одбраната на Мешков, а во вториот дел беше незаменлива состојка на новиот специјалитет од „црвено-црната“ кујна, Постигна гол од цепелин по проигрувањето од крилната позиција каде беше Иван Чупиќ.

Погледнете…