Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург – Работнички (ЛИНК)

Во заостанат натпревар од Групата Б во салата во „Автокоманда“ се среќаваат тимовите на Металург и Работнички. Овој натпревар почнува од 18 часот, а домашните се големи фаворити. Тимот на Металург првпат ќе биде без тренерот Зоран Кастратовиќ, кој се раздели со клубот, па ќе биде предводен од Оливер Димитриоски. Ова е натпревар на кој не се очекува изненадување и јасно е дека Металург е голем фаврит за победа. Натпреварот можете да го следите во живо.