ВО МЕЃУВРЕМЕ: Како Македонија стигна до историското 5-то место на ЕП 2012! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните моменти, погодоци, одбрани, асистенции....За денеска одбравме компилација од настапот на машката репрезентација на ЕП 2012 во Србија. Победата на Чешка со 21-27, ремито со Шведска 26-26 и поразот од еден гол од Германија 23-24, беа доволни за втора фаза во која забележавме победа над Полска со 25-27, болен пораз во последната секунда од Данска со 33-32, како и триумф над Србија со 19-22. Тоа беше доволно за меч за петто место, кој го добивме против Словенија со 28-27 и сениорите испишаа историја во репрезентативниот ракомет. Македонија настапи со следниот состав: Миркуловски, Лазаров К., Мојсовски, Маркоски В., Манасков, Стоилов, Алушовски, Ангеловски, Ангелов, Димовски, Јоновски, Лазаров Ф., Митков, Мојсоски, Ристовски, Темелков, а предводник од клупата беше Звонко Шундовски.