Томовски одново блесна во Бундес лигата

Македонскиот интернационалец Мартин Томовски повторно имаше одлично издание во Бундес лигата.

Потдсам на Томовски во натпревар од 23. коло за ривал го имаше Битигхјам и во неизвесен финиш доживеа пораз од 30:28.

Томовски беше меѓу најдобрите поединци во поразениот табор и натпреварот гоТ заврши со десет интервенции.

За потсетување, поранешниот голман на Металург и Вардар минатото коло го предводеше својот тим до прва сезонска победа во најквалитетната лига во светот.

Клубот на Томовски во следното коло ќе го пречека Ерланген, додека во 25. коло ќе му гостува на Хамбург.

 

Мартин Томовски во тимот на колото во Бундес лигата!