Минатиот викенд поминат во Франција ќе им остане засекогаш во сеќавање на Иван Ангелов и Александра Јанева.
Поранешниот кадетски и младински репрезентативец, Иван Ангелов, на романтичен начин покрај Ајфеловата кула ја запроси неговата девојка.
Александра Јанева е позната македонска пејачка, двократен победник на реномираниот фестивал „Макфест“, a ги испеа хитовите „Врати ми го сонцето“, „Еве ме пак“, „За сто години“, „Најмило мое“…
Ангелов потекнува од Текстилец, ги бранеше боите на Вардар Јуниор и Драчево, а во својата биографија има запишано настап во ЕП во младинските категории.