Пелистерци не беа наградени за добрата игра, уште малку фали за прва битолска радост (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – ПИК сегед

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го одиграа најдобриот натпревар во Лигата на шампионите, рамо до рамо се носеа со унгарскиот ПИК Сегед, беа толку блиску до првиот бод во Лигата на шампионите, но среќата не ги посака во финишот и загубија со 28:27. Повратникот во редовите на Еурофарм Пелистер, македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, блесна пред битолската публика и дуелот го заврши со пет постигнати погодоци. Пелистерци можат да жалат многу за загубената битка со ПИК Сегед, но одличната игра, посебно во вториот дел, треба да го радува тренерот Бранислав Ангеловски, кој со своите избраници во следното коло ќе му гостуваат на Келце.