🎥Лазаров: Оптимист сум дека ќе се претставиме во добро издание против Германија!

 

Македонската ракометна репрезентација веќе неколку денови се подготвува во Берлин во пресрет на натпреварот од второто коло од групата А. Противник на избраниците на Лазаров ќе биде домаќинот Германија, која доминантно го стартуваше Европското првенство декласирајќи ја селекцијата на Швајцарија. Лазаров е оптимист, смета дека нашите момци ќе одиграат добар натпревар против домаќинот, но сето тоа ќе биде невозможно доколку не се намали бројот на технички грешки во играта. За тоа кои се очекувањата на селекторот Лазаров во пресрет на утрешниот дуел погледнете во видео прилогот...