Кавадарци во еуфорија, Европа го запозна Тиквеш (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тиквеш – Кремс галерија

Тиквеш ја израдува кавадаречката и македонската јавност со триумфот над австрискиот тим Кремс со 33-29 во првиот натпревар од втората рунда на Европскиот Куп. Избраниците на Никола Матлиески во неколку наврати имаа и плус седум, но и овие четири гола предност, ќе ги остават „будни“ пред реваншот следната сабота во Австрија. „Лозари“ беа неизоставен дел од атмосферата за чиста десетка во салата „Јасмин“.