Покрај квалификациските средби за пласман на Мундијалот, низ Европа се играа и многу пријателски натпревари меѓу оние селекции што веќе имаат билет за СП.
Данецот Јеспер Јенсен за последен пат ја водеше женската селекција на Данска, бидејќи на негово место доаѓа Хеле Томсен.
По првиот триумф над Германија, Данска загуби на вториот меч, па Јенсен немаше победнички крај на клупата.
Унгарките на два пати го победија Бразил, ист беше случајот со Франција на двомечот со Холандија, додека Русија исто така имаше две победи против Белорусија и против руските младинки.
Пријателски натпревари, резултати:
Унгарија – Бразил 24-20
Русија – Русија младинки 35-25
Данска – Германија 26-29
Германија – Данска 31-33
Унгарија – Бразил 31-27
Франција – Холандија 31-25
Русија – Белорусија 29-21
Франција – Холандија 31-28
Русија младинки – Белорусија 28-27