🎥 Храбриот Хаџиќ меч-винер: Еве го голот за радост на пелистерци!

Шампионот Еурофарм Пелистер направи крупен чекор кон одбрана на титулата, откако славеше против „сино-белите“ од Автокоманда со 30-28 во третото коло од плеј-офот. Стрелец на голот што ја потврди победата на домашниот тим беше младиот босански интернационалец Алем Хаџиќ, кој дотогаш не влегуваше во игра, но влезе кога беше најпотребно и имаше храброст да тргне кон голот на Кизиќ и да погоди. Погледнете....