Ги тренираше голманите во ПАОК, сега го засили стручниот штаб на Металург РА

Прволигашот Металург РА го засили стручниот штаб, откако договори соработката со тренерот Александра Кузмановска, која има интернационално искуство.

Кузмановска во тимот од Автокоманда ќе им го пренесува своето искуство на голманите – Илчо Ивчески, Никола Ангеловски и Мартин Стојчевски.

Освен што ќе биде дел од прволигашот, Кузмановска ќе продолжи со работата во нејзиниот клуб Кузман Вардар, каде успешно работи во создавање млади играчи.

Станува збор за клуб, кој што гравитира во општина Илинден и се натпреварува во младински категории, до минатата сезона Кузман Вардар имаше пријавено екипа и во сениорската лига кај дамите.

Оваа година Кузмановска успешно ја помина едукацијата од EХФ за млади тренери и во следниот период ќе се обиде да се стекне со „Мастер Коуч“ лиценца.

Младиот тренер на интернационално ниво работеше во грчкиот суперлигаш ПАОК, таму беше тренер на голманите, а еден од нив беше избран за најдобар голман во грчкиот шампионат и Куп.