Еурофарм Пелистер беше оштетен – судиите не признаа чист гол на Борзаш! (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер загуби од ПИК Сегед со 28-27 во драматичен натпревар од Лигата на шампионите, но резултатот можеше да биде поинаков ако француските браќа Гасми го признаеја чистиот погодок на левиот бек Урош Борзаш во финишот на мечот. При резултат 25-26, македонскиот првак напаѓаше, Борзаш биеше во голот на Миклер, кој го менува правецот на движење, но таа од стативата заврши позади гол линијата и потоа излезе надвор од теренот. Погледнете....