ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Дерби во Битола – втор дел

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде натпреварот во Битола меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

„Црвено-црните“ се десеткувани, имаат проблеми со ростерот и нејасно е кои ракометари ќе бидат способни да играат вечерва во „Боро Чурлевски“.

Битолчани по серијата порази во Лигата на шампионите посакуваат победа над големиот ривал, откако на првата средба во Скопје вардарци славеа со 30-25.

Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.

Од Супер лигата ќе се игра и дуелот меѓу Голден Арт и Мулти Есенс, додека ќе се играат уште три средби од Првата лига и две од Женската лига.

На меѓународна сцена ќе се играат средби од Европскиот Куп кај мажите, како и од женската Лига на шампиони.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 КИЧЕВО – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)

17:00 ГОЛДЕН АРТ – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)

18:00 СПАРТАК – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)

18:00 МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)

19:00 СТРУЖАНКА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ПРЕСПА – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)