Tимот на Бутел Скопје ќе биде домаќин на завршниот турнир кај младинците, на кој битката за титулата ќе ја бијат три скопски клубови и Еурофарм Пелистер.
Натпреварите ќе се играат в сабота на 24 и 25 мај, а познати се полуфиналните двојки на патот кон финалето.
Домаќинот Бутел Скопје ќе игра против „витамините“ од Автокоманда од 13:30 часот, додека „сино-белите“ од Автокоманда ќе се соочат со Еурофарм Пелистер 16:00 часот.
Двете полуфинални средби се на 24 мај, додека мечот за третото место и финалето ќе се играат во истите термини на 25 мај.
Кадетите играа минатиот викенд и шампиони станаа битолчани, додека пионерите својот Ф4 ќе го одиграат на 18 мај.