ALL-STAR TEAM 2023 – Филип Талески: Тренерот Недановски веруваше во мене, ми рече ти и никој друг (ВИДЕО)

Единствениот специјализиран спортски портал за ракомет во Македонија, www.24rakomet.mk по петтипат го избра All-Star тимот на сезоната. Најдобрите во изборот добија статуетка во форма на ѕвезда, а за најдобар лев бек беше избран Филип Талески, играчот на Вардар. Заминува за Португалија каде ќе игра во иднина, но верува дека заминува во вистински момент, со созревањето и враќањето во топ форма.