ALL-STAR TEAM 2023 – Урбан Лесјак: Индивидуалните награди покажуваат колку добро си работел (ВИДЕО)

Единствениот специјализиран спортски портал за ракомет во Македонија, www.24rakomet.mk по петти пат го избра All-Star тимот на сезоната. Најдобрите во изборот добија статуетка во форма на ѕвезда, а за најдобар голман беше избран Урбан Лесјак играчот на Еурофарм Пелистер. Во неговата прва сезона во Битола освои две титули, супер купот и онаа најважната првенството на Македонија.