ALL-STAR TEAM 2023 – Томче Стојановски: Без соиграчите немаше ни јас да добијам награда (ВИДЕО)

Единствениот специјализиран спортски портал за ракомет во Македонија, www.24rakomet.mk по петти пат го избра All-Star тимот на сезоната. Најдобрите во изборот добија статуетка во форма на ѕвезда, а за најдобар дефанзивец беше избран Томче Стојановски играчот на Бутел. Домашниот пораз со Еурофарм Пелистер не чинеше пласман во Европа, а за в година не очекуваат драстични промени.