ALL-STAR TEAM 2023 – Ненад Костески: Стимул за работа и повторно да бидам во овој тим (ВИДЕО)

Единствениот специјализиран спортски портал за ракомет во Македонија, www.24rakomet.mk по петти пат го избра All-Star тимот на сезоната. Најдобрите во изборот добија статуетка во форма на ѕвезда, а за најдобро десно крило беше избран Ненад Костески, играчот на Еурофарм Пелистер. Во сезоната полна со трубуленции, проблеми со повреди, многу натпревари титулата во Битола се врати после 18 години. Сите имаат удел во тоа, и во оваа моја индивидуална награда.