ALL-STAR TEAM 2023 – Дејан Манасков: Првпат добивам ваква награда во Македонија (ВИДЕО)

Единствениот специјализиран спортски портал за ракомет во Македонија, www.24rakomet.mk по петтипат го избра All-Star тимот на сезоната. Најдобрите во изборот добија статуетка во форма на ѕвезда, а за најдобро лево крило беше избран Дејан Манасков, играчот на Вардар. „Првпат добивам ваква награда во Македонија. Ми значи многу, и мене и поради сите што гласаа за мен“, изјави Манасков, навраќајќи се на делови од сезоната.