🔴ВО ЖИВО🔴 Македонија – Германија, Еурофарм Пелистер – Охрид

|
17:40
Share on Facebook

Гледајте ВО ЖИВО, Македонија – Германија, ТУКА* / ТУКА** / ТУКА***

*само за територијата на Македонија
**ЕХФ ТВ работи со регистрација во неколку чекори и претплата
***за сите останати територии

Share on Facebook

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Грчевски избра 16 ракометарки за Германија

Авор: Душко Андов
| 8 април 2026
15:11
Share on Facebook

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со светскиот вицепрвак Германија во натпреварот од 5 коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026.

Селекторот Кристијан Грчевски ги избра ракометарките за оваа пресметка, а од тие што беа повикани за оваа акција, од комбинација отпаднаа Теодора Дукоска, Леона Миленкоска, Таида Беровиќ и Матеа Чурлиновска.

Дамите се во трка по место на ЕП 2026, најверојатно преку третото место ако не направат изненадување против Германија или Словенија. Повеќе детали за шансите на Македонија прочитајте ТУКА.

Гостинките додјдоа со втор состав во кои ќе има пет дебитантки, но и неколку искусни ракометарки. Мечот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ денеска од 18:00 часот, а влезот е слободен.

Германија е прва со осум бода и веќе пласирана на ЕП, Словенија има четири, додека Македонија и Белгија по два. Ако Словенките слават на гости кај Белгија, тогаш ќе го потврдат второто место на табелата во случај и Германија да победи во Скопје.

Share on Facebook

📷 Македонците во Словенија се организираат – Охрид ќе има поддршка во Целје!

Авор: Душко Андов
| 8 април 2026
11:33
Share on Facebook

Тимот на Охрид го оствари најголемиот клупски успех на меѓународна сцена со пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Ривал на Охрид ќе биде словенечкиот Целје, првиот натпревар е веќе закажан за 25 април во „Златорог Арена“ со почеток од 19:00 часот.

Домаќинот веќе ги пушти и влезниците во продажба, а Македонците во Словенија се мобилизираат за групно следење на мечот и навивање за Охрид.

Цените на билетите се 12 евра, од 19 април до 24 април ќе чинат 15 евра, додека на денот на мечот доколку има останато билети ќе чинат 18 евра. Може да се купат ТУКА.

Реваншот меѓу Охрид и Целје ќе биде на програмата на 2 мај во СРЦ „Билјанини Извори“.

Share on Facebook

Македонија загуби од Германија, но останува во трка за ЕП

Авор: Душко Андов
| 8 април 2026
19:29
Share on Facebook

Женската репрезентација на Македонија загуби со 35-27 од Германија во натпреварот од 5 коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026. Со поразoт Македонија и натаму останува во игра за место на континентален собир, но ќе се брои гол-разликата по последното коло, не само нашата туку и на конкурентите – третопласираните во другите групи, под услови Белгија вечерва да загуби од Словенија.

Девојките на Кристијан Грчевски храбро се бореа, но немаа сили за нешто повеќе против бундес тимот, кој без оглед на максималниот биланс по четири кола, не сакаше да дозволи никакво изненадување на овој меч.

Со победа кај Белгија, Словенките ќе обезбедат пласман на ЕП и во последниот меч против нас ќе влезат без притисок. Германија е прва на табелата со десет бода, Словенија втора со четири, но и меч помалку, додека Македонија е трета со два, пред Белгија која има исто толку и натпревар помалку. На ЕП 2026 пласман ќе обезбедат и најдобрите четири третопласирани селекции од шесте групи. Македонија во моментов има гол-разлика од – 32.

Гостинките отворија со водство од 2-0, па 4-2, пред голманката Веис да одбрани и пенал на Ризоска. Сепак во продолжение од мечот два напади со голови заврши Стефаноска за 4-4 по десетина минути игра.

Но потоа се намножија техничките грешки во нападот и Германија успеа да ги казни сите да отиде на плус пет, 12-7. Селекторот Грчевски ги промени ракометарките на бековските позиции, но немаше преголем ефект.

По дваесетина минути игра беше 15-9, па Грчевски мораше да побара тајм-аут. Седлоска намали со проектил на 15-10. Немаше идеја во нападот, тоа беше причина за изнудени удари, а грешките беа казнети со лесни голови во контра и веќе беше 18-10.

Црната серија ја прекина Кипријановска со гол од пенал за 18-11, а потоа Џатевска вторпат беше исклучена па и Германија лесно погоди. Беше 19-12, пред Кипријановска да намали со одличен пробив да погоди, а Ангела Јанкуловска да стави точка на првиот дел со гол од далечина за 19-14.

На стартот на вториот дел нашите ракометарките го имаа својот најдобар период во мечот. Илиќ им фати два зицери на Германките, потоа Јанкуловска и Кипријановска беа прецизни, а капитенот Гакидова намали на минус четири, 20-16.

Беше и 21-17, но потоа нов пад во игра, промашување и неколку технички грешки во серија, па ривалот одново отиде на плус девет, 26-17, највисока предност дотогаш. Германскиот селектор им даде шанса и на младинките од составот, па ги седна на клупа капитенот Дол и Беренд, а малку играше и Гријселс.

Се истакна и Петковска со две одбрани по зицер ситуации, но предноста на Германија и натаму беше висока. Македонските репрезентативки се бореа до крајот, имаа неколку добри потези и погодоци, но и Германките не попуштаа, па немаше шанси за некаков камбек или намалување на нивната залиха.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Кипријановска со шест, како и Ангела Јанкуловска и Стефаноска со по четири погодоци, додека голманките Петковска и Илиќ собра девет одбрани. Кај Германија, Енгел даде девет гола.

Македонија е во игра за пласман на ЕП 2026, а повеќе детали за тоа како може да стигне до ново учество на континентален собир прочитајте ТУКА. Последниот натпревар го играме на гостински терен кај Словенија на 12 април од 18:00 часот.

Share on Facebook

Моралес пред гостувањето во Битола: Имаме шанси за победа

Авор: Душко Андов
| 6 април 2026
14:47
Share on Facebook

По пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Охрид им се враќаат на домашните обврски.

Охриѓани ги очекува тешко гостување кај шампионот Еурофарм Пелистер во дербито од 4 коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Дефанзивецот Ориол Реј Моралес го најави мечот во Битола.

„Нè очекува тежок натпревар во еден од одлучувачките моменти од сезоната. Станува збор за дуел меѓу два квалитетни тима. Со добра подготовка и менталитет, имаме шанса да стигнеме до победа“, вели Моралес.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:00 часот.

Share on Facebook

Шок за данскиот првак: Кнор и Арнолдсен стрелаа 24 пати, ама Алборг загуби!

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
00:00
Share on Facebook

Иако двете ѕвезди на Алборг, Јури Кнор и Томас Арнолдсен, постигнаа дури 24 голови Алборг доживеа неочекуван пораз од Фредериција на стартот на плеј-офот во данскиот шампионат.

Во натпревар од првото коло, Алборг имаше контрола во првото полувреме и на паузата замина со предност од три гола. Сепак, во вториот дел следуваше целосен пресврт, домаќините ја преземаа иницијативата и на крајот славеа во ефикасен дуел со 41-36.

Најефикасен кај поразениот тим беше Јури Кнор со 13 голови, додека Томас Арнолдсен додаде уште 11. Кај победникот се истакна Мадс Кјелгорд со десет погодоци.

Во вториот натпревар од групата 1 во плеј-офот, ГОГ Гудме направи пресврт на гости против Скјерн и славеше со 35-34, иако на полувреме губеше со 19-14.

По ова коло, Гудме се наоѓа на врвот на табелата со три бода, пред Фредерициј“ и Алборг кои имаат по два, додека Скјерн останува на дното без бодови.

Share on Facebook