View this post on Instagram
🎥 Ужасна сцена во Србија – ракометар заврши со потрес на мозок!
Во српската Суперлига се случи еден страшен момент, откако ракометарот на Југовиќ, Саша Терзиќ, заработи потрес на мозокот по тежок удар во глава на мечот против Пролетер (28-26). Инцидентот се случи во 46. минута, кога Терзиќ во обид за контранапад налета на голманот на Пролетер. Чуварот на мрежата, во обид да интервенира, ненамерно го удри со нога директно во главата, по што играчот веднаш падна како покосен и остана неподвижен на паркетот. Тој повремено ја губел свеста и брзата помош веднаш го пренела во болница. Компјутерската томографија потврдила потрес на мозок, а лекарите решиле да го задржат на болничко лекување. Голманот на Пролетер доби син картон. Погледнете...








