Мајсторија на Димитриоски во Асобал лигата – погодок со вртенка против Бенидорм
Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски беше меѓу творците на победата на Ваљадолид на гости кај Бенидорм со 30-28 и постигна четири погодоци. Еден од нив беше вистинска мајсторија, со „вртенка“ во противничкиот гол, па го привлече вниманието и на медиа тимот на Асобал лигата, која го сподели на социјалните мрежи...